Израелските сили убија тројца Палестинци

Сподели со своите пријатели

Израелските безбедносни сили денеска убија тројца вооружени Палестинци во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, каде рациите траат веќе половина година по серијата напади во градовите внатре во Израел.

Loading...

Израелската полиција соопшти дека цел на нападот во Џенин биле двајца Палестинци осомничени дека ги извршиле тие напади, пренесува Ројтерс.

Палестинците почнале да пукаат и ја активирале бомбата, по што биле застрелани.

Палестинските медицински служби соопштија дека во инцидентот се повредени 40 лица.

Третиот вооружен напаѓач исто така беше убиен од израелските сили во Џенин.

Во последните месеци, израелската армија спроведува речиси секојдневни рации на Западниот Брег по вооружените напади на Палестинците во израелските градови.

Израел го освои Западниот Брег, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа, во војната во 1967 година, а Палестинците ги сакаат тие територии во своја држава.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...