Двајца израелски војници загинаа, а осум се повредени во несреќа што се случи синоќа во Појасот Газа кога кран паднал поради силниот ветер, соопшти војската.
Loading...
Според информациите, во несреќата загинал Надав Коен (21), додека името на другиот војник ќе биде објавено подоцна.
Од осумте војници повредени при падот на кран, еден се здобил со тешки телесни повреди.
Според првичните наоди од истрагата на ИДФ, колапсот на кранот бил предизвикан од екстремно силни ветрови.