Израелски министер предлага формирање области забранети за Палестинците

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич повика на Палестинците да им се забрани да берат маслинки во близина на израелските населби на Западниот Брег.

Loading...

Тој, исто така, предложи формирање области во кои ќе биде забрането присуството на Палестинците.

На овој начин тој сака да го оневозможи престојот на Палестинците во близина на израелските населби и главните патишта што водат до нив.

Во писмото до премиерот, кое го сподели со медиумите, Смотрич наведува дека Израел не успева да одржи прифатливо ниво на безбедност на Западниот Брег.

Тој повикува на „создавање стерилни безбедносни области околу (еврејските) заедници и патишта и да се спречат Арапите да влезат во нив, вклучително и за берба на маслинки“.

Тој смета дека мерките се неопходни

Откако „Тајмс оф Израел“ побара објаснување, портпаролот на Смотрич појасни дека министерот мислел на Палестинците, а не на сите Арапи – иако тој го употребил вториот термин неколку пати во своето писмо.

Смотрич во минатото се соочуваше со обвинувања за расизам.

Екстремно десничарскиот министер тврди дека таквите мерки се неопходни за да се спречат терористички напади врз имигрантите, како и за „да се обезбеди чувство на сигурност поради високата чувствителност и мобилизација на многу мажи во резервната служба“.

Loading...

Акциите што ќе ги спречат палестинските земјоделци да берат маслинки, најверојатно ќе се соочат со интензивна меѓународна осуда и би можеле да ги разгорат тензиите на Западниот Брег.

Смотрич тврди дека сегашната политика е „апсурдна“ и „луда“ и вели дека „нема повеќе да ја прифаќа“.

„Некој залутал“, заклучил тој.