На социјалните мрежи се појави првото видео, за кое се тврди дека е снимено во болницата Ал Шифа, најголемата во Појасот Газа, откако израелската армија упадна во неа.
Очевидец во болницата изјави за Би-Би-Си дека тенкови и командоси упаднале во главниот оддел за итни случаи.
Белата куќа соопшти дека пациентите мора да бидат заштитени.
Where is the conscience of the world..?!!
The deadly terrorist Israeli army stormed Al-Shifa Hospital and opened fire randomly inside the hospitalSave Al-Quds Hospital
Save Al-Shifa Hospital#أنقذوا_مستشفى_الشفاء pic.twitter.com/X3xqfp0Dj2— Faten Abd El_Rahman (@FatenAb16089994) November 15, 2023
– Не сакаме да гледаме тепачки со огнено оружје во болница – соопштија од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Лицето кое го објави видеото на социјалната мрежа Х, тврдеше дека израелски војници случајно пукале во болницата.
Мануел Фабијан, воен дописник за „Тајмс оф Израел“, објави изјава на израелските одбранбени сили (ИДФ) дека војската на земјата изутринава продолжила да спроведува „прецизна и насочена операција“ во Ал Шифа.
Според ИДФ, во текот на ноќта израелските војници се бореле со оперативците на Хамас пред болницата, каде што наишле и на експлозивни направи.
Се вели дека се убиени неколку вооружени членови на Хамас.
ИДФ соопшти дека израелските војници донеле инкубатори, храна за бебиња и медицински материјали во болницата.
– Медицински тимови и војници кои зборуваат арапски се на терен за да се погрижат се да им биде доставено на оние на кои им е потребно – соопшти израелската армија.
Сликите од помошта беа објавени на профилот на социјалните мрежи на ИДФ.
The IDF’s precise and targeted operation against Hamas in the Shifa Hospital is still ongoing.
We can now confirm that incubators, baby food and medical supplies, provided by the IDF, have successfully reached the hospital.
Our medical team and Arabic speaking soldiers are on… pic.twitter.com/9iMx41OaHV
— Israel Defense Forces (@IDF) November 15, 2023