Израелската полиција интервенираше во џамијата Ал Акса, има повредени

Сподели со своите пријатели

Израелската полиција рано утринава нападна десетици верници во џамијата Ал Акса во Ерусалим, според изјавите на очевидци, палестинските власти и полициското соопштение, пренесува Ројтерс.

Loading...

Полицијата соопшти дека интервенцијата била одговор на претходните немири и биле принудени да влезат во комплексот откако маскирани екстремисти се заклучиле во џамијата со пиротехнички средства, стапови и камења.

„Кога полицијата влезе во зградата, поголема група демонстранти гаѓаа со камења по нив и пукаа со пиротехнички средства од внатрешноста на џамијата“, се вели во соопштението и се додава дека полицаец е ранет во ногата.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека седум Палестинци биле повредени со гумени куршуми и за време на физичка пресметка со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса.

Се додава дека израелските сили ги спречуваат нивните лекари да стигнат до џамијата.

„Седев на стол и го читав Куранот. Фрлаа шок бомби, едната ме погоди во градите – изјави за Ројтерс една жена надвор од џамијата, откако интервенираше израелската полиција.

Инцидентот предизвика протести низ окупираниот Западен Брег, а израелската војска соопшти дека девет ракети биле истрелани од Газа кон Израел, откако сирените се активирале во јужните градови.

Во соопштението се прецизира дека биле пресретнати најмалку четири ракети, а четири паднале на отворени површини.

Loading...

Тензиите во комплексот на џамијата Ал Акса, кој Евреите го нарекуваат планината на храмот, се придружени со насилство во последниве години.

Палестинците ги гледаат честите посети и обидите да се молат на Евреите како провокација, а палестинските организации ги осудија последните напади на Израел врз верниците, кои ги опишаа како „криминални“.

Јордан и Египет, две држави вклучени во неодамнешните напори поддржани од САД за деескалација на тензиите меѓу Израел и Палестинците, издадоа одделни изјави во кои го осудија инцидентот, пренесува Танјуг.