Израелците гаѓаа хуманитарни зони во Газа, најмалку 14 жртви, меѓу кои и деца

Сподели со своите пријатели

Најмалку 14 Палестинци загинаа во двата напади на израелската армија (ИДФ) врз Појасот Газа, меѓу кои две деца и една жена, а повеќето од жртвите се во областите кои Израел претходно ги прогласи за хуманитарни зони, соопштија денеска палестинските власти.

Loading...

Рано утринава израелските сили извршија напад врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и една жена.

Официјални лица на блиската болница Ал-Авда изјавија дека најмалку 11 Палестинци исто така се повредени во нападот.

Палестинците вадени крвави и повредени од урнатините

Доцна во понеделникот, израелските сили удриле во импровизирана кафетерија што ја користат раселените луѓе во Муваси, центарот на хуманитарната зона.

Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и две деца, соопштија претставници на болницата Насер.

На видео снимката од местото на настанот се гледа како мажи извлекуваат крвави ранети мажи меѓу масите и столовите поставени во песокот во оградената област, пренесува АП.

Од октомври минатата година, според информациите на палестинското Министерство за здравство, во израелските напади врз Појасот Газа загинале најмалку 43.603 Палестинци, а 102.929 се ранети.