Израел: Убиен командантот на Хезболах задолжен за комуникации

Сподели со своите пријатели

Командантот на либанското движење Хезболах задолжен за комуникации, Мухамед Рашид Сакафи е убиен вчера во израелски воздушен напад врз Бејрут, соопшти денеска израелската армија (ИД).

Loading...

Според соопштението на ИДФ, Сакафи го водеше одделот за комуникации на Хезболах од 2000 година и се сметаше за близок до раководството на движењето, објави „Тајмс оф Израел“.

„Сакафи направи значителни напори за развој на комуникациските способности меѓу сите единици на Хезболах во текот на сите периоди на операцијата со цел да се одржи протокот на информации во рамките на целата терористичка организација“, додаде израелската војска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18 убиени во израелскиот напад на бегалскиот камп Тулкарем

Претходно ИДФ објави дека израелската армија во голем воздушен напад врз главниот град на Либан, Бејрут, во текот на ноќта го гаѓала седиштето на разузнавачката служба на либанската милитантна група Хезболах.

Њујорк Тајмс и американскиот портал Аксиос објавија дека цел на израелскиот напад на Бејрут бил Хашем Сафиедин, кој треба да биде избран за нов лидер на Хезболах откако Хасан Насралах беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември. објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ соопшти дека девет израелски војници биле убиени во средата на неколку локации во јужен Либан.

Се посочува дека израелските војници пронашле оружје што Хезболах го оставил во селата во јужен Либан

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По израелскиот напад блокиран граничниот премин меѓу Либан и Сирија