Изработен графит во рамки на проектот „Нацртај попреченост“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ученици изработија графит на ѕидот на основното училиште „Толи Зордумис“ како дел од проектот на Едукативниот културен центар „Нана“ во рамки на кампањата „Нацртај попреченост“.  Кампањата е дел од проектот кој го спроведува Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Loading...

Графитот којшто го  изработија  учениците испраќа порака за комуникација помеѓу поединци и групи со градот и им се  овозможува на безгласните  да се слушне нивниот глас, да се промени јавното мислење за тоа како опшетството е организирано и како луѓето ја гледаат попреченоста.

Младите уште еднаш покажаа емпатија и разбирање за нивните врсници со попреченост. Претходно, тие  имаат можност да се информираат за проблемите со кои се соочуваат нивните соученици со попреченост, а во исто време и искуствено да се соочат со нив, преку вежби, симулации и дискусии. На работилниците  цртаа и преку цртежите ги искажаа своите согледувања и  разбирања за попреченоста.

– Едуцирањето на децата во рана возраст е една од најдобрите можности да ги научиме на одредени вредности. Токму од тие причини се спроведува и кампањата за подигање на свеста за попреченост во училиштата, да им се укаже на учениците за важноста на грижата за учениците кои имат одредени пречки во развојот. Работилниците имаат за цел, учениците да го разберат значењето на попреченоста и како таа не е одраз на личноста на поединецот, како да се комуницираат со лицата со попреченост како да им даде помош и поддршка и како да го почитуваме концептот на еднакост без оглед на попреченоста-истакнаа едукаторите од Нана.

Loading...

Оттаму додаваат дека мора да се стави акцент на општествено важни прашања и да им се даде приоритет. Училиштата се базата во која учениците примаат општествено важни сознанија и информации кои ќе ги применуваат во текот на нивниот живот, особено кога ќе се вклучат во општеството како одговорни возрасни лица

Важноста на спроведување на едукација за лицата со попреченост за време на образованието води кон инклузивно општество во кое лицата со попречености се еднакви, прифатени и соодветно згрижени – велат од Нана.

Leave a Reply