Излози на неколку напуштени локали во трговскиот центар Гарнизон изгореле вчера откако избувнал пожар.
Loading...
– На 18.07.2024 во 13.57 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во трговски центар на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово, при што биле опожарени неколку излози на напуштени локали, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот а повредени лица нема.
Екипа од СВР Куманово извршила увид.
Никола Ивановски