Изложбата „Приспивни сирени” вчеравечер отворена во КИЦ во Софија

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер на 4-ти Мај во КИЦ на РСМ во Софија се отвори изложбата „Приспивни сирени” на македонската новинарка Кристина Атовска во продукција на Виктор Петрески.

Loading...

Изложбата е создадена по три месечен престој на Кристина на воените жаришта во Украина и снимањето на нејзиниот документарен филм со истиот наслов.

Изложбата ја отвори директорот на КИЦ -от д-р Сашко Насев кој зборуваше за блиските македонско-украински врски и за трагедијата предизвикана од агресијата на руската федерација врз Украина.

Пред бројните гости се обратија и претставничката на украинската амбасада во Софија, Ирина Козик и познатата украинска писателка и преведувачка на повеќе од 30 македонски автори на украински јазик, Ана Баграјана. Тие изразија благодарност до КИЦ на РСМ во Софија и до авторите за овој извонредно храбар чин.

 

 

Со високо емотивен набој Кристина и Виктор со страст зборуваа за нивното дело а Кристина Атовска по три месечниот престој на воените жаришта во Украина пластично ги долови трагедиите во Буча, Харков и други украински градови.

Loading...

На крај беше прикажан трејлер од документарниот филм “Приспивни сирени” и целиот настан беше поздравен со бурни аплаузи.

Самиот документарец веќе е прикажан на повеќе меѓународни фестивали за документарен филм.

Сите присутни со восхитеност ја поздравија помошта од секаков вид што малата Северна Македонија и’ ја пружа на прекрасната и голема Украина.

Еден исклучително благороден настан во КИЦ на РСМ во Софија.