Изложба на Мухамет Идризи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Салонот на Уметничката галерија – Куманово во среда со почеток во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба „Визуелна хармонизација на природното богатство“ на академскиот уметник Мухамет Идризи.

Loading...

Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј – Куманово.

Мухамет Идризи е роден е 1986 година во Куманово. Дипломирал на Државниот Универзитет во Тетово, отсек сликарство, во класата на професор Иљиријан Беќири во 2009 година.

Магистерските студии ги завршил на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” – Скопје, во класата на професор Јован Шумковски во 2019 година, насока – сликарство.

Од 2010 година работи како наставник во основно училиште во Липково.

На изложбата ќе бидат прикажани 16 ликовни дела – слики.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде поставена до крај на месец октомври.

Интегрално соопштение / фото: илустрација

Loading...