Изложба на карикатури на тема “Снаа – Свекрва“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток, со почеток во 20 часот во ќе биде отворена изложбата на карикатури на тема “Снаа – свекрва“.

Loading...

Се работи за меѓународниот конкурс “Невестинско поклонение“,  а на изложбата ќе бидат претставени 50-те  најуспешни трудови.

Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“ е придружна манифестација на Културната манифестација „Невестинско Поклонение на Св. Теодор Тирон“ што традиционално се одржува во чест на празникот Тодорова сабота/недела  во селото Конопница – Крива Паланка.

Идеен творец на манифестацијата „Невестинско Поклонение” и автор и координатор на меѓународниот конкурс за карикатура е гравичкиот дизајнер, хералдички уметник и фотограф Стојанче Величковски од село Конопница.Покровител на културната манифестацијата е Општина Крива Паланка.
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

Leave a Reply