Изгубила речиси 20 килограми за само осум месеци: „Ова ми го промени животот“

Сподели со своите пријатели

Дилс Ли (28) од Австралија со години се борела со вишокот килограми, но минатата година решила да го промени животот и за само осум месеци ослабела речиси 20 килограми.

Loading...

Нејзината трансформација започна во летото 2023 година, откако беше шокирана од објава на Инстаграм.

Дилс призна дека најлошо се чувствувала во јули 2023 година, кога имала 87 килограми.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DILS | HEALTH JOURNEY (@dilshealth)

 

„Не се чувствував добро во моето тело“, изјави таа за news.com.au.

Видела објава на социјалните мрежи во која се тврди дека физичката неактивност многу влијае на здравјето, па ја инспирирала да го промени својот живот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ослободете се лесно од главоболка со помош на овие намирници

„Видов објава на Инстаграм во која пишуваше дека ако не сте активна личност и сте со партнер кој е активен, веројатно ќе умрете седум години пред вашиот активен партнер. Бев многу исплашена бидејќи мојот сопруг е активен и помислата на умирањето пред него ме преплаши“, вели таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DILS | HEALTH JOURNEY (@dilshealth)

 

„Сега се чувствувам одлично“

Дилс тврди дека објавата целосно ѝ го променила начинот на размислување.

Одлучила да поработи на своето здравје бидејќи како што вели сака да живее што подолго со сопругот.

Наместо да оди во кафуле со својата пријателка, таа решила да шета со неа низ градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Психолошки трикови кои ќе ви помогнат да се смирите во случај на паника

Полека почнала да слабее, а потоа се зачленила во теретана.

Loading...

„Се шетав со другарка наутро и многу ми се допадна. Потоа еден ден, додека пиевме кафе додека шетавме, сретнавме луѓе кои ни предложија да одиме во теретана и ја прифативме понудата”, вели таа.

За само шест месеци Дилс ослабела 17 килограми.

Потоа се обратила на нутриционист и во договор со него заминала на диета, поради што ослабела уште 7 килограми.

„Сега се чувствувам неверојатно. Видов толку многу позитивни промени во мојот живот во секој поглед. Се чувствувам подобро психички и подобро се справувам со мојата анксиозност. Продолжувам да губам килограми секоја недела, менструалниот циклус сега ми е редовен, моите мозолчиња ги нема и повеќе не сум толку подуена после секој оброк“, заклучи Дилс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вклучете ја оваа супер храна во вашата исхрана и намалете го ризикот од срцев удар

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DILS | HEALTH JOURNEY (@dilshealth)