Собранието со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски.
Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ.
Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.
Во новата влада има вкупно 20 министерства, а Владата брои 24 члена.
Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор.
Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“.
Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.
Во продолжение листата на министри:
Министер за внатрешни работи е Панче Тошковски,
Министер за одбрана Владо Мисајловски
Министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуски
Министер за финансии Гордана Кочоска Димитриеска
Заменик претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски
Министер за локална самоуправа Златко Перински
Министерка во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е Сања Божиновска
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски
Министерка за образование и наука е Весна Јаневска
Министер за култура и туризам е Зоран Љутков
Министер за спорт Борко Ристовски
Вицепремиер и министер за политички систем е Љупчо Димовски
Вицепремиер задолжен за односи со заедниците е Иван Стоиљковиќ
Министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите е Шабан Салиу
Министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата е Изет Меџити
Министер без ресор и заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење е Арбен Фетаи, Министер за здравство Арбен Таравари
Министер за европски прашања е Орхан Муртезани
Министер за социјална политика, демографија и млади е Фатмир Лимани,
Министер за економија е Бесар Дурмиши
Министер за правда е Игор Филков
Министер за јавна администрација е Горан Минчев.
Со изгласувањето на новиот владин состав во Собранието, Христијан Мицкоски стана 13-тиот премиер, кој ќе ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на Македонија.