Иван Димитриевски нов претседател на УМС Куманово

Сподели со своите пријатели

Иван Димитриевски е назначен за нов претседател на Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Loading...

Димитриевски е роден во 1997 година и е магистар по бизнис и администрација на Универзитетот Лондон Метрополитан.

Вели дека еден од главните приоритети ќе биде борба за подобри услови за живеење на младите во Куманово.

– Најпрвин би сакал да се заблагодарам на членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Куманово за безрезервната поддршка што ја даваат на младите и за можноста сите овие години да се придонесува кон заедничката борба за Куманово и Република Македонија. Ваквиот обединувачки пристап, да се афирмираат младите резултира и со поддршката на мојата канидатура од страна на претседателот Сергеј Попов и Извршниот комитет на УМС кој ми ја доверија задачата да бидам претседател на УМС ОК Куманово. Укажаната доверба од членството за мене претставува особена чест а пред се голема одговорност, целосно да се вклучам во организацијата на младите во најголемиот општински комитет. Заедно со моите сопартијци изработивме програма со многу активности и проекти  кои ќе бидат реализирани со помош на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Еден од главните приоритети на Унијата на млади сили ќе биде борба за подобри услови за живеење на младите во Куманово,  создавање на перспективи на локално и централно ниво, преку создавање на развојни и одржливи програми за поддршка на младите. Потикнати од неопходноста за масовна мобилизација на новите генерации преку организирано делување, со цел суштински промени во општеството, ги повикувам сите млади да се приклучат со свој придонес за поубаво и просперитетно Куманово, економски развиена општина со  богата спортска и уметничка понуда, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)