Гугл објави дека поправил голем безбедносен пропуст во прелистувачот Chrome и ги повика корисниците веднаш да го ажурираат прелистувачот.
Loading...
Гугл не откри повеќе детали за ранливоста, со кодно име CVE-2023-3079, за да ги спречи напаѓачите да ги злоупотребат овие информации, се вели на веб-страницата на компанијата.
Компанијата истакна дека проблемот лежи во JavaScript моторот V8 (Chrome Java Script V8) и дека ранливоста е многу опасна.
Овој пропуст веќе им е познат на хакерите и активно се користи, се додава во соопштението.
Во април Google веќе имаше проблеми со безбедносни пропусти во прелистувачот Chrome, пренесоа агенциите.