И Словачка урна температурен рекорд: Топлотниот бран се движи кон исток

Сподели со своите пријатели

Нов температурен рекорд е поставен во Словачка, кога во Турна над Бодвоу во регионот Кошице на истокот од земјата беа измерени 41 степен целзиус, објави Словачкиот хидрометеоролошки институт.

Ова го надмина претходниот рекорд што беше поставен во јули 2007 година, кога во градот Хурбаново, на југозападот од Словачка, беа измерени 40,3 степени целзиусови, објавува TASR.

Температури над 40 степени целзиусови се забележани во неколку градови во Словачка, па така во Штрковец се измерени 40,6 степени целзиусови, а во Мужла се измерени 40,5 степени Целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Додека Европа „гори“, во овој дел на САД падна снег (ФОТО)