Историска молитва на Папата пред празниот плоштад Свети Петар

Сподели со своите пријатели

Папата Фрањо одржа молитва на празниот плоштад Свети Петар за пандемијата на коронавирусот, што предизвика голем број жртви ширум светот, а особено во Италија.

Loading...

„Со недели се чини како да дојде ноќта. Дебелиот мрак се развлекува над нашите плоштади, улици и градови, зафаќајќи ги нашите животи, исполнувајќи сè со тишина и празнина, парализирајќи сè на својот пат: се чувствува во воздухот, се забележува во движењата, се гледа во погледот“, рече папата.

Скоро 1.000 мртви во Италија за еден ден

Тој побара од ова место „кое го прегрнува Рим и светот“ на  сите луѓе „да се спушти прегратката на утеха“.

Во овие моменти, на крајот на краиштата, како што рече, многу луѓе истрајуваат во трпеливост секој ден и шират надеж, внимавајќи се да не сеат паника, туку заедничка одговорност.

САД ја надминаа Кина: Регистрирани над 100.000 заболени од коронавирусот

Само во Италија, во последните 24 часа, 969 луѓе починале поради коронавирусот.


Leave a Reply