Иранка одбила да носи хиџаб на натпревар, сега е исчезната!

Сподели со своите пријатели

Иранската атлетичарка Елназ Рекаби (33), која се најде на насловните страници затоа што одби да носи хиџаб додека ја претставуваше својата земја на азиското првенство во спортско качување во Сеул во неделата, наводно исчезнала.

Loading...

Извори блиски до Рекаба за Би-Би-Си изјавиле дека од понеделникот вечерта не можат да стапат во контакт со неа, пренесува британски Телеграф.

Рекаби заврши на четвртата позиција на шампионатот, а нејзината пркосна изјава дека нема да носи шамија беше емитувана низ светот.

Веста доаѓа во време на протести кои продолжуваат да го потресуваат Иран по смртта на Махса Амини во полициски притвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Оваа 22-годишна жена беше уапсена бидејќи наводно не ја носела шамијата правилно во согласност со исламскиот закон.

Рекаби и другите ирански спортисти го напуштија хотелот Гарден Сеул во понеделникот наутро и требаше да се вратат во својата татковина во среда.

Сепак, BBC Persia, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека на Рекаби ѝ биле одземени пасошот и мобилниот телефон. Официјален Техеран сѐ уште не се огласил.

Демонстрациите по смртта на Махса Амини се претворија во големо антивладино движење, што претставува еден од најголемите предизвици за иранското свештено раководство од соборувањето на Шахот во 1979 година.

Loading...