Иран пушти во употреба нова центрифуга за збогатување ураниум

Сподели со своите пријатели

Иран во четвртокот објави дека пушти во употреба нова центрифуга за збогатување ураниум, откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои резолуција за таа земја.

Loading...

Иранското Министерство за надворешни работи ја оцени резолуцијата како „избрзана“ и „неурамнотежена“.

Управниот одбор на МААЕ во средата го повика Иран целосно да соработува со нивните инспектори, а пред објавувањето на резолуцијата, Иран ги исклучи камерите на МААЕ на некои локации.

Од 35 земји-членки, само Кина и Русија гласаа против резолуцијата, велат дипломатите.

МААЕ оваа недела предупреди дека Иран може да има доволно материјал за нуклеарно оружје за неколку недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Иран веќе збогатил 43,1 килограм ураниум до ниво на чистота од 60 отсто, се наведува во извештајот на организацијата.

Аналитичарите велат дека околу 50 килограми би биле доволни за нуклеарно оружје доколку ураниумот се збогати до нешто повеќе од 90 отсто.

Техеран, меѓутоа, нагласува дека сака нуклеарна технологија само за мирнодопски цели.

Loading...

Преговорите меѓу Иран и МААЕ се одвиваат паралелно со преговорите за обновување на нуклеарниот договор што светските сили го склучија со Иран во 2015 година, а кои моментално се во застој.

Новите ограничувања за иранската нуклеарна програма во голема мера се договорени, но сè уште не е постигнат договор за укинување на американските санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Ебрахим Раиси разговарале за тоа по телефон.

Соработката меѓу независните држави може да го неутрализира „незаконскиот притисок“ од Западот, соопшти кабинетот на иранскиот претседател.