Иран е подготвен да ја продолжи соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Loading...
Тој додава дека МААЕ „не подлегна на израелскиот притисок во врска со нуклеарните активности на Техеран“.
Раководството на МААЕ ќе се состане денеска, три месеци по усвојувањето на резолуцијата со која се повикува Иран да даде соодветни одговори на агенцијата во врска со истрагата за траги од ураниум на три необележани локации во Иран, пренесе Ројтерс.