Иран ја предупреди Саудиска Арабија да не склучува мир со Израел

Сподели со своите пријатели

На прес-конференција во Њујорк по седницата на Генералното собрание на ОН, иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави за Скај њуз дека договорот меѓу Израел и Саудиска Арабија „ќе го прободе палестинскиот народ и неговиот отпор“.

Loading...

„Во никој случај регионалните земји не се подготвени исламските земји да го напуштат светиот принцип на борба за палестинскиот народ бидејќи ослободувањето на светиот град Ерусалим лежи во срцето на верувањето на сите муслимани“, рече Раиси.

Зборувајќи за односите меѓу Иран и Саудиска Арабија, Раиси рече дека се надева оти тој однос може дополнително да се прошири.

Но, тој навести дека тоа може да биде загрозено доколку Саудијците ги подобрат односите со Израел.

Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман изјави дека договорот меѓу кралството и Израел е се поблиску секој ден.

На средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Њујорк, израелскиот премиер рече дека мировниот договор може да се склучи со вистинска поддршка од САД.

Односите меѓу Израел и земјите од Заливот, поточно Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, се нормализирани според т.н. Авраамовиот договор.

Сепак, Саудиска Арабија не е меѓу земјите што го потпишаа договорот.

Loading...