Иран и Украина ќе ги истражуваат тврдењата за употреба на дроновите

Сподели со своите пријатели

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, изјави дека е подготвен за разговори со Украина поради тврдењата дека Исламската Република и продавала дронови на Русија за употреба во војната во Украина.

Loading...

Во последните недели, Киев и неговите западни сојузници изнесоа тврдења во врска со извозот на дронови од Иран во Русија за употреба во тековната војна во Украина, пишува iranintl.com.

Различни полиња

Сепак, тој ги отфрли обвинувањата. Тој рече дека Иран не ѝ дал и нема да ѝ даде на Русија никакво оружје и дронови за употреба во Украина.

– Во минатото земавме оружје од Русија, а исто така извезувавме оружје назад, но не за време на војната во Украина – рече тој.

Тој додаде дека Иран и Русија соработуваат на различни полиња.

Ирански инженери

Коментирајќи го неговиот неодамнешен телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, тој рече:

– Нагласив дека Техеран е подготвен тим од воени експерти од Иран и Украина да ги проценат тврдењата за употреба на беспилотни летала од Иран во украинската војна – рече тој.

Сепак, ова не е прв пат Иран да тврди дека нема никаква врска со испораката на дронови во Украина.

Loading...

Имено, постои можност производството на овие дронови всушност да се одвива во Сирија или дури и во Русија под надзор на ирански инженери.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.