Иран го обвинува Трамп за „етничко чистење“

Сподели со своите пријатели

Иранските власти денеска соопштија дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на Палестинците од Појасот Газа во Египет и Јордан претставува „етничко чистење“.

Loading...

„Мислам дека меѓународната заедница мора да им помогне на Палестинците да го добијат правото на самоопределување и да не промовира други идеи што би значеле етничко чистење“, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Емсаил Багаи на прес-конференција.

Трамп неодамна предложи преселување на жителите на Појасот Газа, уништен од повеќе од 15 месеци војна меѓу Израел и палестинскиот Хамас, во Јордан и Египет.

Американскиот претседател оцени дека жителите на Газа „може да живеат во многу побезбедни и можеби многу поудобни области“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приштина во неволја: Одлуката на Трамп замрзна милиони евра помош од УСАИД

Неговиот предлог предизвика бран на осуда на Блискиот Исток и Европа.

Аман и Каиро цврсто ја отфрлија идејата.