Иран ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Иран ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина и да се воздржат од патување во таа земја, пренесува Ројтерс.

Loading...

– Поради ескалацијата на воените конфликти во Украина, им препорачуваме на сите граѓани на Иран да се воздржат од патување во таа земја. На Иранците кои живеат во Украина им се советува да ја напуштат Украина во интерес на сопствената безбедност – соопшти Министерството.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.