Иранскиот претседател Ибрахим Раиси изјави дека неговата земја е подготвена да дејствува како посредник во решавањето на конфликтот во Украина.
– Ние сме против војна и подготвени сме да дејствуваме како посредници за да ѝ ставиме крај. Меѓутоа, војната продолжува на сметка на американските даночни обврзници чии пари одат во џебовите на сопствениците на компаниите за оружје. Ги советуваме американските власти да ги прекинат воените операции, бидејќи во последните 250 години Американците не биле во вооружен конфликт само 20 – рече Раиси на средбата со американски експерти за надворешна политика и новинари во Њујорк, пренесува ИСНА.
Претседателот на Иран на 18 септември пристигна во Њујорк за да учествува на седниците на Генералното собрание на ОН.
Иран во неколку наврати на официјално ниво објави дека е против воено решение на конфликтот во Украина.