Иран: Десет лица загинаа во железничка несреќа

Сподели со своите пријатели

Најмалку десет патници загинаа во железничка несреќа во Иран рано утринава, кога неколку вагони на патнички воз излетаа од шините, повеќе од 50 луѓе се повредени, меѓу кои и оние кои се здобија со тешки повреди, јави државната телевизија.

Според извештајот на тој медиум, бројот на жртви би можел да биде и поголем.

Четири вагони од вкупно седум излегле од шините на пругата во близина на пустинскиот град Табас пред зори, соопшти телевизијата.

Несреќата се случила на околу 50 километри од Табас, или на околу 550 километри југоисточно од главниот град Техеран на пругата кон градот Јазд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Во областа пристигнале спасувачки екипи, амбулантни возила и три хеликоптери.

Во извештајот се наведува дека се истражува причината за несреќата, а медиумите јавуваат дека возот удрил во багерот.