Како што информира Државниот пазарен инспекторат, во периодот од 10 до 16 август, од страна на ДПИ, извршени се вкупно 529 надзорни контроли, и тоа во Охрид, Штип, Гостивар, Струга и Куманово.
Во горенаведениот период, Државниот пазарен инспекторат – Одделение Куманово има издадено еден платен налог во износ од 153.750 денари за правното лице и 61.500 денари за одговорното лице во правното лице по Закон за градежни производи
Во истиот период, издаден е еден платен налог во износ од 123.000 денари за правното лице и 36.900 денари по Закон за угостителска дејност.