Индијците Нова година слават 10 пати, а еве какви се обичаите ширум светот?

Сподели со своите пријатели

Не сите држави времето го сметаат по грегоријанскиот календар и не ја слават Новата година на 1 јануари, туку некој друг ден.

Loading...

Во некои земји се слави само еднаш, а во Индија дури десет пати.

Индија е земја со мношто разични култури и религиозни групи. Затоа во Индија постојат неколку Нови години.

Многумина слават Нова година на 1 јануари, но постојат уште околу десетина други Нови години, кои се во текот на годината и кои се поврзани со одредени хиндуистички или будистики ритуали.

Во Саудиска Арабија, Новата година се слави на 21 март по исамскиот календар. Тие не го користат грегоријанскиот календар, за разлика од останатите околни исламски држави, а ниту пак гледаат потреба од славење на 1 јануари, затоа што тоа не им е почеток на годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?

Имено, пред дочекот на 2014 година, саудиската верска полиција, која патролира низ градот во потрага по луѓе кои ги кршат верските правила, предупредила дека никој не смее да ја слави Новата година на 1 јануари, а на продавниците им било забрането да продаваат било какви производи кои потсетуваат на новогодишна прослава.

Во Израел Новата година се слави во септември, по нивниот еврејски календар, иако Израелците го користат грегоријанскиот.

Прославите на 31 декември не се забранети и се случуваат во урбаните градови, додека во конзервативните средини никој не споменува никаква прослава, затоа што Новата година ја поврзуваат со христијаните кои ги прогониле Евреите. Првиот ден од Новата година е работен како и секој друг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Иран е земја која живее по старите религиозни правила, па затоа Новата година се слави по исламскиот календар.

Новата година ќе ја дочекаат кон крајот на март. Не е забрането да се слави регуларната Нова година и христијанските национални малцинста не го кријат своето славење, но поголемиот дел од луѓето не обрнуваат внимание на тоа.

Во многу места во Кина, Новата година минува незабележително, освен во големите урбани центри во кои живеат и доста странци.

Иако Кинезите во последно време се повеќе се под влијание на западната култура, тие повеќе сакаат да го слават Божиќ, отколку Нова година.

Имаат своја Нова година која обично се паѓа во февруари, но датумот е променлив. Славењето на Кинеската Нова година трае по две недели и е проследено со низа интересни обичаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?