Индија лансира робот во вселената (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Индија разви многу успешна вселенска програма за помалку од една деценија, а првиот човечки екипаж е најавен за 2022 година.

Loading...

Сепак, пред првите индиски астронаути, вселенската капсула ќе биде тестирана од хуманоиден робот наречен „Виомитра“ (од санскритскиот збор за Универзум).

Овој робот има најразлични сензори кои симулираат присуство на луѓе во авионите, можат да бидат управувани со компјутерски системи и да извршуваат други задачи, сите со помош на вештачка интелигенција.

Планирани се неколку „наследници“ на овој робот, кои ќе летаат заедно со човечките екипи во иднина.

Русија има слична програма исто така – Роскомос успешно лансираше во вселената робот по име Федор минатата година, кој има понапредни можности од Виомитра.

https://www.youtube.com/watch?v=Ddm4US8B4qI

Leave a Reply