Баба Ирма од Италија одлучила во својата 93. година да отпатува во Кенија, но не за да ужива во благодетите на туристичкиот центар, туку во следните три недели да волонтира во сиротиште.
Фотографијат ана која баба Ирма со една рака се потпира на бастунот, а со другата сама влече црвен куфер, на Фејсбук ја споделила нејзината внука Елиса Колтро.
– Погледнете ја, може ли некој да ја спречи, додала внуката во описот на фотографијата која е споделена над 7.000 пати за само два дена.