Габи Џонс има 30 години и боледува од ретко пореметување кое сериозно и го загрозува здравјето Таа своето тело го доживува како уметничко тело и опседната е со добивање додатни килограми.
- Јас не сум како другите. Моето тело е чулно, моето тело е секси. Верувам дека уметноста на моснотиите и јас сме ремек дело во настанување. Јас сум како Пикасо, сакам да го променам општеството. Знам дека дебелите луѓе умираат млади и го прифатив тоа. Верувам дека ќе наполнам барем 40 години – вели Габи за „Дејли мејл“ и гордо ги покажува своите облини.
Таа толку ужива во храната што воопшто не мари на фактот дека има 270 килограми. Нејзе зекој залак и буди големо уживање па свршува додека јаде.
Најдобриот и најверниот љубовник за неа е храната. Габи вели дека оргазмите ги доживува секогаш кога јаде храна која ја сака. На 17 години го имала првиот, додека јадела сладолед. Се сеќава дека уживала во мазната текстура на сладоледот на нејзиниот јазик, тоа и причинувало големо задоволство па почнала да чувствува морници по телото, а кога свршила останала шокирана.
Сите нејзини пријатели мислеле дека оргазмите ги глуми од шега, но таа не се шегувала и веднаш отрчала по нов сладолед. Се тоа се повторувало и со другата храна, а лекарите и дијагностицирале пореметување – упорно генитално возбудување.
Со време се прифатила себе си и својата килажа, па почнала да ужива во неа. Себе се смета за дебела и убава, а има и мажи кои се луди по неа, пишува порталот „Метро“.
За да може да ја финансира својата страст кон храната, формирала и свој портал www.GainingGabi.com на кој илјадници мажи и плаќаат по 16 долари месечно и тоа за гледање на екранот како таа јаде и свршува.