Има 26 години и 22 деца: „Сакам да имам повеќе“

Сподели со своите пријатели

Кристина Озтурк има само 26 години, но веќе е мајка со дури 22 деца, од кои 21 се родени од сурогат мајки.

Loading...

Таа е блогерка која објавува преку профилот „batumi_mama“, а само нејзината страница на Инстаграм има близу 260 илјади фанови.

Таа е родена во Русија, а таа и нејзиниот сопруг Галип, богат милионер, досега имаат 21 бебе од сурогат мајки, пишува The Sun.

Нејзиното најстаро дете, осумгодишната ќерка Викторија, е зачнато природно со својот партнер од претходната врска, додека остатокот од огромното семејство го сочинуваат претежно малечки.

Кристина неодамна останала сама со нив, бидејќи Галип бил осуден на 8 години затвор за наводна измама и бил уапсен во мај и однесен на издржување на казната.

 

@batumi_mama #батумимама #семьяОзтюрк #многомама #семья #малыши ♬ оригинальный звук – batumi_mama

 

Loading...

Така, таа моментално сама ги одгледува тригодишните Мустафа, Мерјам, Ајрин, Алис, Хасан, Џуди, Харпер, Тереза, Хусеин, Ана, Изабела, Исмаил, Мехмет и Ахмет.

И покрај критиките за „купување“ деца, Кристина, која живее во државата Џорџија, не планира наскоро да престане да го шири своето семејство.

Имено, таа веќе претходно најави дека планира да достигне трицифрена бројка кога е во прашање бројот на деца.

За среќа на жената зависна од бебиња, Кристина има армија од 16 живи дадилки за да ѝ помогнат додека нејзиниот сопруг поминува време зад решетки.

 

@batumi_mama♬ оригинальный звук – batumi_mama

 

Парот првпат се сретнал во еден џентлменски клуб во Москва и оттогаш почнале да живеат заедно во дворцната трикатна куќа во Батуми, Грузија.

Loading...

Кристина уште во февруари минатата година откри дека на сурогат мајките им платила 142 илјади фунти или околу 168.290 евра.

– Се чини дека сè за воспитувањето на децата е веќе напишано, но секој родител секојдневно бара нови корисни информации, за на своите деца да им го даде само најдоброто. Јас не сум исклучок. Како мајка на 22 деца, можам со сигурност да кажам дека не постои такво нешто како премногу информации: секогаш можете да најдете нешто ново и корисно за себе. Затоа, откако прочитав десетици, па и стотици статии, книги, вебинари и обуки, решив да напишам своја книга во која ќе бидат собрани и структурирани сите најважни информации за младите родители – приказни.

 

@batumi_mama♬ Happy – Here At Last

 

Додека нејзиниот сопруг, кој е 32 години постар од неа, издржува затворска казна, Кристина малку се повлече од социјалните мрежи, бидејќи се прилагодува на новите животни услови.

– Многумина од вас забележаа дека ми е сè потешко да ја одржувам страницата. Тешко е да се зборува за некои работи поврзани со куќата или за малите радости што ги доживувам со децата, кога сите мисли ми се далеку, а јас сум зафатена само со чекање маж ми да се врати дома. Сигурна сум дека тој ден ќе дојде наскоро, во меѓувреме само сакам да им се заблагодарам на сите за убавите зборови и поддршката – напиша таа неодамна.

Пред апсењето на нејзиниот сопруг, Кристина многу редовно споделувала вести за нивниот необичен живот, а еднаш дури и признала дека би сакала да има 105 деца.

Loading...

 

@batumi_mama♬ Rose Tea – Curtis Roach

 

– На крајот на краиштата, нашите деца се иднината на светот, објасни таа на Инстаграм.

Инаку, Кристина и Галип претходно открија дека нивните дадилки работат на постојан распоред од четири дена во неделата, со два слободни дена, а живеат во спалните соби во близина на децата.

Огромната палата во која живеат има и кујна каде дадилките можат да нарачаат храна.

Loading...

Потомците добиваат неверојатни 20 големи пакувања пелени секоја недела, како и 53 пакувања со детска формула.