Има 10 години и висок е скоро 2 метри: Зад џиновската градба се крие тажна приказна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Џејсон има само десет години и е висок неверојатни 190 сантиметри благодарение на ретката состојба позната како гигантизам.

Loading...

 

 

Моментално ја носи титулата „највисоко дете на светот“, а причината за тоа е израсток на неговата хипофиза што овозможува непречено лачење на хормоните за раст.

Неговата мајка Менди открила дека другите родители често ја осудуваат, критикуваат, па дури и ја напаѓаат затоа што дозволила да порасне толку голем, а тие не знаат дека тоа го предизвикува неговата состојба.

Покрај здравствените проблеми, Џејсон се соочува и со практични проблеми, како на пример да најде чевли што му одговараат. Во моментов носи чевли со големина 50.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто девојчињата секогаш се „татини принцези“? (ВИДЕО)

– Кај гигантизмот, прекумерната количина на хормон за раст (ГХ) го забрзува растот на мускулите, коските и сврзното ткиво.

Loading...

 

 

Сепак, Џејсон – кој беше означен во Гинисовата книга на рекорди како „највисокото дете на светот“ – не се срами од својата големина и научил да ја прифаќа и покрај неговите јавни настапи.

За жал, Менди призна дека здравјето на Џејсон „се влошува со текот на времето“ и дека неговата тежина – тежи околу 136 килограми и јаде повеќе од просечниот возрасен – е постојан проблем за нив.

Неговото здравје дефинитивно се влошува со текот на времето. Со гигантизмот, вие не растете само однадвор, туку и одвнатре, така што сите ваши органи ќе почнат да се зголемуваат, како што се црниот дроб и срцето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто девојчињата секогаш се „татини принцези“? (ВИДЕО)

Повеќето луѓе со гигантизам живеат само до 40 години бидејќи нивните „срца стануваат преголеми.