Илон Маск: Нема да донирам 45 милиони долари месечно на Трамп

Сподели со своите пријатели

Мултимилијардерот Илон Маск ги демантираше информациите дека ќе дава околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој го поддржува Доналд Трамп.

Loading...

Маск вчера во емисијата на Џордан Петерсон изјави дека тоа „едноставно не е точно“.

„Нема да донирам 45 милиони долари месечно на Трамп. Сега направив Pac или Super Pac или како сакате наречете го. Се вика America Pac“, рече тој.

Super Pacs, кратенка за Политички акциони комитети, се независни политички организации на кои донаторите можат да даваат неограничени суми пари, додека донациите за поединци или не-Super Pacs се ограничени.

По интервјуто со Петерсон, Маск на X напиша дека дава донации за Америка Пак, но сумите се многу помали.

„Основните вредности на Пак се поддршката за меритократијата и индивидуалната слобода. Републиканците главно, но не целосно, се на страната на меритократијата и слободата“, напиша Маск.

„Планот е да се промовираат принципите што ја направија Америка голема“, рече Маск во шоуто на Петерсон.

„Не би рекол дека сум МАГА. Мислам дека Америка е одлична. Јас сум повеќе МАГ, ајде да ја направиме Америка поголема“, додаде тој, мислејќи на фразата на Трамп.

Loading...

Маск не појасни колку има намера да донира за Пак.