Владата донесе одлука за обезбедување финансиски средства за изградба на десет игралишта за баскет, а едно од нив ќе биде и во Куманово.
Loading...
Засега не е познато кога ќе започне изградбата, ниту каде ќе се наоѓа игралиштето.
– Владата на Република Северна Македонија даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени во развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2020 година и наредната 2021 година на Агенцијата за млади и спорт за изградбата на 10 баскет игралишта во општините Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Куманово, Крива Паланка, Штип, Прилеп, Охрид, Чаир и Дебар, во вкупна вредност од 32.000.000,00 денари, се вели во соопштението од Владата.