ИДФ: Над двесте осомничени за тероризам уапсени во северниот дел на Газа

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека продолжуваат со офанзивата во областа Џабалија во северна Газа, во која, како што велат, биле убиени десетици оперативци на Хамас, а биле уапсени повеќе од двесте осомничени терористи.

Loading...

Израелската армија го обвини Хамас дека продолжува да спречува евакуација на цивили од областа, објави „Тајмс оф Израел“.

Армијата навела и дека војниците вчера извршиле мал упад во центарот на Газа, со цел да ја уништат инфраструктурата на Хамас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прешкршено примирјето: Израелски тенк истрела проектили врз либански град, повредени две лица