Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека убила две лица осомничени дека се терористи кои имале намера да отворат оган врз израелските градови преку безбедносната бариера меѓу Западниот Брег и Израел во близина на градот Тулкарем на Западниот Брег.
Loading...
Во соопштението се наведува дека командосите на ИДФ ги нападнале вооружените лица додека се приближувале до бариерата, откако неодамна имаше неколку пукотници кон бариерата, пренесува Танјуг.