И мажите глумат оргазам, а ова се некои од причините

Сподели со своите пријатели

Колку често и зошто мажите глумат оргазам, била тема на истражување објавено во магазинот “Sexual and Relationship Therapy” во кое учествувале 458 мажи на возраст помеѓу 18 и 29 години. На испитаниците им биле поставени прашања кои се однесувале на нивните сексуални искуства во изминатите четири месеци.

Резултатите покажале дека дури половина од испитаниците, односно 230 од нив, одглумиле оргазам барем еднаш во изминатите четири месеци! Меѓутоа, тоа не било најголемото изненадување во истражувањето!

Имено, меѓу испитаниците кои глумат оргазам се испоставило дека тоа го прават дури една четвртина од времето кога имаат сексуален однос, а најмногу за време на вагиналниот секс, веројатно бидејќи тогаш е многу полесно да се одглуми оргазам отколку за време на оралниот секс.

Веројатно, сега ве интересира и причината за тоа. Во продолжение можете да прочитате зошто мажите глумат оргазам:

» Поради лошо сексуално искуство.

» Затоа што партнерката недоволно сексуално ги привлекува.

» Поради големата количина на алкохол која ја конзумирале пред сексот.

» Затоа тоа што не се расположени за секс.

» Затоа што не сакаат да ги повредат чувствата на партнерката.

Познато е дека глумењето оргазам обично им се припишува на жените, но и мажите можат да ја одглумат кулминацијата во сексот. И тоа го прават многу почесто отколку што мислиме, затоа драги дами имајте го тоа во предвид…