И годинава помалку првачиња во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 900 првачиња ќе седнат во училишните клупи на основните училишта во Куманово од понеделник.

Loading...

Бројката на нови ученици во кумановските училишта од година во година е во пад, а негативен тренд се бележи и за учебната што претстои.

Како што брифираше раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово Александар Јовановиќ, на последната седница на Советот, заклучно мај се запишани 930 ученици.

– Ако ја споредиме таа бројка, иако уписот трае до 1 септемри, имаме родители кои ги запишуваат своите деца и по 1 септември, но ако ја споредиме бројката со минатата учебна година кога во сите општини на територија на Република Македонија имаше пад, ние имавме пораст од 10 првачиња. Имавме 1080 првачиња, сега ако ја споредиме бројката на почеток на јуни е 930 ученици што значи огромна бројка на ученици кои не само што не се запишани, туку и не се тука, изјави Јовановиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бункер во автомобил откриен на Табановце, запленета и разна стока

 

 

Проблемот според раководителот започнува во почетокот на 90тите кога започнува негативен тренд на наталитетот. Потоа следува внатрешна миграција од рурални кон урбани средини, а денес масовен проблем е миграцијата во странство, рече тој.

Loading...

Голем пад е забележан и во бројката на првачиња од ромска националност. Заклучно јуни биле запишени само 25 ученици Роми, брифираше Јовановиќ.

Како што појасни, до родителите кои треба да запишат првачиња, испратени се три покани, ако до почетокот на учебната година не се јават во реонските училишта, ќе ги бара општинскиот просветен инспекторат, а ако не ги пронајде, потрагата по ромските првачиња ќе ја прави СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За неколку дена ќе биде пуштена пругата од Куманово за Бељаковце

Никола Ивановски