Хутите го погодија 80-катниот облакодер во кој се наоѓа седиштето на саудискиот суверен фонд за богатство

Сподели со своите пријатели

Јеменските Хути започнаа нов напад врз Саудиска Арабија, а една од целите беше облакодер во кој се наоѓа седиштето на Саудискиот суверен фонд (PIF), една од најважните финансиски институции во земјата.

Според сведоштва објавени од медиумите, во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се слушнале неколку силни експлозии.

– Фасадата е оштетена на неколку ката, а прозорците се скршени – изјавил за АФП извор кој сакал да остане анонимен.

Два други извори потврдија дека е предизвикана штета на 80-катниот облакодер PIF, кој е и највисоката кула во финансискиот кварт на Ријад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа во страв: Трамп едноставно би можел да постигне договор со Путин и да ѝ го сврти грбот на Украина

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против јеменските Хути поддржани од Иран претходно соопшти дека е пријавена материјална штета додека се бранела од ракетна закана насочена кон Ријад.

Новиот напад се случил помалку од две недели откако Хутите погодија комерцијален облакодер во Ријад, во кој се наоѓа седиштето на енергетската компанија Арамко.