Зеленски за средбата на Трамп со Путин и Си: „За Украина не може да се разговара без Украина“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува извештај од американските претставници за разговорите што Доналд Трамп ги води во Кина.

Зеленски рече дека Трамп се подготвува за средби со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин, а американските претставници му ветиле на Киев дека ќе поднесат извештај на состанокот во Берлин во четврток.

Во своето редовно вечерно видео обраќање, Зеленски рече:

„Ние и Европејците имаме јасен, заеднички став: прашањата што се однесуваат на Украина мора да се решат со учество на Украина, а прашањата што се однесуваат на Европа со учество на Европа.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трет напад за една недела: Кримскиот мост повторно погоден, Украинците имаат јасна цел

Тој потврди дека американските претставници му ветил детални информации за средбите на Трамп за време на нивниот состанок во Берлин.

Додаде дека Украина ќе добие и повратни информации од други партнери присутни во Кина.

Трамп објави дека на средбата со Си и Путин има намера да разговара за ограничувањето на нуклеарното оружје и крајот на војната во Украина, која Русија ја започна со инвазија во 2022 година.

Трамп често го нагласуваше својот добар однос со Путин, а односите меѓу Вашингтон и Киев во последно време се затегнати.

Трамп одби да воведе нови санкции врз Русија, додека Украина се соочи со прекини во сателитската поддршка за своите беспилотни летала за време на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Не сме под системски напад“: Марко Рубио откри што стои зад серијата хаварии што ги парализираа САД