Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, соопштија дека најмалку едно лице е убиено во воздушни напади извршени во текот на ноќта на периферијата на Сана, главниот град на Јемен, за кои постои сомневање дека ги извршиле американските воздухопловни сили.
Loading...
Во соопштението на Хутите се вели дека се уште не е можно да се утврди целосниот обем на штетата и можните човечки жртви, пишува „Тајмс оф Израел“.
Четири лица се ранети во нападите на периферијата на Сана, која е под контрола на проиранските бунтовници од 2014 година, пишува израелски дневен весник.