Хорор филмовите се добри за вашето здравје

Сподели со своите пријатели

Гледањето хорор филмови и серии може да има позитивно влијание врз нашето здравје, ова го тврди професор од Универзитетот Пурдуе во Индијана.

– Кога лицето ќе почуствува страв, се ослободува адреналин и срцето работи забрзано, расте крвниот притисок и се напнуваат мускулите, а се зголемува и интензитетот на емоции. Се ослободува допамин и серотонин поради што се чуствуваме посреќни. Многумина таа комбинација на страв и чувство на среќа ги подготвува полесно да се носат со тешки ситуации во животот, објаснува Спаркс.

Но, зошто уште е добро да се гледаат хорор филмови?

Губење калории

Студијата која во 2012. година е спроведена во Велика Британија покажала дека луѓето кои многу се плашат за време на гледање хорор филмови губат и до 184 калории. Толку калории согоруваат за време на 40-минутна прошетка.

Гледањето хорор филмови навистина ја „заледува“ крвта во вените

Loading...

Имунитет

Хорор филмовите помагаат на нашиот имунитет. Кратко по гледањето се забрузва циркулацијатаи расте крвниот притисок, а на тој начин се зголемува и спосбноста на организмот да се брани од несаканите бактерии.

Расположение

Гледањето хророр филмови значително го подобрува расположенито, барем така велат социолозите. Луѓето се чувствуваат помалку анксиозно, помалку фрустрирано и посреќни се по гледањето хорор. Но, з ад апочуствувате подобра страна од гледањето на хорор филмови, мора да бидете исплашени додека ги гледате. Во случај да изостанува возбудување, е изостанат и добрите влијанија врз здравјето.

Не заборавајте сепак дека хорор филмовите можат да остават трајни последици и трауми врз децата. Дури 26 отсто од студентите кои учествувале во студијата на Универзитетот Мичиген рекле дека во детството почуствувале трауми гледајќи хорори, а тоа резултирало со трајна анксиозност.

Leave a Reply