Холандија е домаќин на руската ТВ Дожд, по Летонија

Сподели со своите пријатели

Холандскиот медиумски регулатор му издаде дозвола за емитување на независниот руски телевизиски канал Дожд, соопшти денеска руската медиумска компанија, која е во егзил во Летонија од почетокот на инвазијата на Украина, но таа земја и ја одзеде дозволата за работа.

Loading...

Летонија го обвини каналот, основан во 2010 година, дека ги прекршил локалните закони со наводно давање помош на руските војници кои се борат во Украина, претставувајќи го Крим како руска територија и не обезбедил преводи на изјави на латвиски.

Дож ги отфрли обвинувањата и изјави дека ќе го брани својот углед на суд.

„ТВ каналот Дож доби европска лиценца за работа. Го даде холандскиот медиумски регулатор за период од пет години“, соопшти таа телевизија на социјалната мрежа Телеграм.

Редакцијата и студиото на каналот ќе бидат префрлени во Амстердам, иако дел од персоналот ќе остане во Рига, додаде Дожд.

По почетокот на руската инвазија на Украина, руските власти го забранија Дожд во март 2022 година, оценувајќи дека бил премногу критичен во известувањето за конфликтот.