Блогерка од Русија одлучила со сите да го сподели својот проблем со градите, 13 години по пластичната операција.
Поради силиконските импланти во градите нејзиниот живот се претворил во пекол (видео)
Loading...
Јулија Дебакх на социјалните мрежи споделила фотографии кои покажуваат како изгледаат нејзините силиконски гради, а на интернет доживеала голема осуда и негативни коментари.
https://www.instagram.com/p/BbP2VLwAXCj/?utm_source=ig_embed
– Се надевам дека следниот пат ќе добиеш триаголни гради, гласи еден од коментарите.
Таа објаснила дека имплантот на нејзината лева дојка не е искинат туку едноставно згужван. Јулија допуштила на руската телевизија да ја снима додека извршува преглед кај друг хирург, кај кој планира да ја направи потребната операција. Како што тврди хирургот дошло до грешки затоа што имплантите и биле сместени над мускулите, а не испод нив.
https://instagram.com/p/Be5mEb_Ad2P/?utm_source=ig_embed
Московската клиника на која е извршена операцијата пред 13 години немала разбирање за Јулија. И кажале дека ќе ја стават на листата за чекање и дека ќе мора да плати за нова операција. Медицинската документација од првата операција, тврди дека ја изгубиле.
– Не се занимавам со екстремни спортови, ниту се имам поправено, ниту пак раѓав, рекла Јулија.
За малку ќе умрев поради желбата да личам на Барбика (видео)
Одлучила да ја тужи клиниката, а нејзините адвокати тврдат дека би можела да добие отштета во висина од 14.000 евра. Блогерката не ги оперирала само градите, туку вршела корекција на носот, ставила импланти во нозете, а ставила и филери во устата и брадата.
https://youtu.be/QeOAdxChmUw