Хамнеи ја одржа својата прва јавна проповед по 4 години. Со себе имаше пушка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Врховниот лидер на Иран ги повика муслиманските нации да „заврзат одбранбен појас“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан.

Loading...

Ајатолахот Али Хамнеи зборуваше додека ја водеше петочната молитва во Иран за прв пат по четири години.

Во согласност со иранската традиција, тој го одржа својот говор со пушка покрај себе. Во десниот агол на насловната фотографија се гледа дел од цевката на пушката.

„Муслиманските народи го имаат истиот непријател“

Тој рече дека непријателот на Иран е ист како непријателот на палестинската држава, Либан и другите муслимански народи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден: Не верувам дека ќе има сеопфатна војна на Блискиот Исток

Тој додаде дека нападот на 7 октомври на Хамас врз Израел – за време на кој Израел соопшти дека околу 1.200 луѓе биле убиени, а 250 биле земени како заложници во Газа – е легитимен чин, како и нападот на Иран врз земјата оваа недела.

Неговите изјави доаѓаат помалку од една недела откако Хасан Насрала, водачот на либанската милитантна група Хезболах, беше убиен во израелски воздушен напад.

„Иран повторно ќе го нападне Израел доколку е потребно“, рече тој.

„Билијантната акција на нашите вооружени сили пред неколку ноќи беше целосно легална и легитимна“, рече Хамнеи.

Loading...

Дел од својот говор одржа на арапски

Хамнеи голем дел од својот говор посвети на Хезболах и Хасан Насрала, кој беше убиен од Израел во Бејрут минатиот петок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Врховниот лидер на Иран ќе ја одржи својата прва јавна проповед по пет години

Вториот дел од неговата проповед беше одржан на арапски јазик, со цел да се обрати пред либанската и палестинската публика, рече тој.

„Израел никогаш нема да ги победи Хамас и Хезболах“, рече Хамнеи.

„Народот на Палестина има право – во лицето на непријателот што ја зазеде нивната земја, дом, фарми и влијаеше врз нивните животи – да застане за себе“, рече тој.

Палестинскиот народ има законско право да се брани.