Хамас го обвинува Нетанјаху дека се обидува да спречи прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Палестинската група Хамас изјави дека нема потреба од нови предлози за прекин на огнот во Газа и дека треба да се изврши притисок врз Израел да се согласи со американскиот план што групата веќе го прифати, пишува Гардијан.

Loading...

Се очекува САД наскоро да презентираат нов предлог за прекин на огнот, чија цел е да се надминат разликите меѓу Хамас и Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со притисок да склучи договор за ослободување на преостанатите заложници, откако израелските власти во неделата објавија дека телата на уште шест заложници се пронајдени во тунел во Газа.

Во изјавата објавена на Телеграм утрово, групата Хамас тврди дека Нетанјаху се обидува да го попречи договорот со инсистирање дека Израел нема да се повлече од коридорот Филаделфија во јужна Газа.

Како што пишува Гардијан, токму ова прашање стана главна пречка во разговорите, а израелскиот премиер е нашироко обвинуван дека се обидува да ја продолжи војната за лична и политичка корист.

„Ве предупредуваме да не паднете во стапицата и триковите на Нетанјаху, бидејќи тој ги користи преговорите за да ја прошири агресијата врз нашиот народ“, се вели во соопштението на Хамас, додавајќи дека групата го прифатила предлогот на 2 јули претставен од САД.

Нетанјаху синоќа го обвини Хамас за застој на преговорите.

„Се обидуваме да најдеме простор за почеток на преговорите. Тие [Хамас] одбиваат да го направат тоа… [рекоа] нема за што да се зборува“, тврди тој.

Loading...

Нетанјаху тврди дека Израел мора да ја задржи контролата на коридорот Филаделфија долж границата меѓу Египет и Газа за да спречи шверц на оружје за Хамас, кој бара целосно повлекување на израелските сили од областа.