Хаити: 25 лица убиени во масовно бегство од затвор

Сподели со своите пријатели

Хаитската полиција активно трага по уште 200 затвореници кои избегале од затворот во приградската престолнина на Хаити, Порт-о-Пренс, во акција во која беа убиени 25 лица, вклучително и директорот на затворот, објавија властите.

Loading...

Полицијата работи на нивно враќање, некои од нив сè уште имаат лисици и нема да можат да одат далеку, им рекол синоќа на новинарите државниот секретар за комуникации Франц Ексантус, пренесува Бета.

Тој рече дека 400 затвореници од 1.542 чувани во тој објект избегале од затворот во масовно бегство во четвртокот. Скоро двојно повеќе од неговиот номинален максимален капацитет.

 

 

Меѓу убиените има и граѓани

Во бегството загинале 25 лица, вклучувајќи шест затвореници и директорот на затворот, изјави за медиумите „Ексантус“. Тој рече дека меѓу загинатите има и граѓани кои биле убиени од затвореници при бегството.

Loading...

Меѓу затворениците убиени по бегството е и водачот на главните криминални мрежи на Хаити, Арнел Џозеф. Тој вчера бил убиен од полицијата за време на контролата, на околу 120 километри од затворот од кој избега. Тој бил уапсен во јули 2019 година.

Високо-безбедносниот затвор Кроа-де-Букет бил отворен во 2012 година, со финансирање од Канада. Максималниот капацитет на затворот е 872 затвореници, а скоро двојно повеќе имало во него во четвртокот кога било организирано масовно бегство.

Leave a Reply