Гватемала се согласи да прифати мигранти од други земји кои се депортирани од САД

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Гватемала Бернардо Аревало изјави дека неговата земја ќе прифати мигранти од други земји кои се депортирани од САД, што е втор таков договор што го постигна американскиот државен секретар Марко Рубио за време на неговото патување во земјите од Централна Америка.

Loading...

Според договорот објавен од Аревало, депортираните ќе бидат вратени во нивните матични земји на трошок на САД, пренесува АП.

„Се договоривме да го зголемиме бројот на летови со депортирани лица за 40 отсто, и од нашата националност и со депортирани од друга националност“, рече Аревало на прес-конференцијата со Рубио.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД се пофалија дека бродовите ќе минуваат низ Панамскиот канал без надомест, Панама негира

Гватемала соработуваше во прифаќањето на депортираните од САД, и во цивилни и во воени авиони, пренесува Танјуг.

Ел Салвадор објави сличен, но поширок договор во понеделникот.

Претседателот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле, рече дека неговата земја ќе прифати депортирани од Соединетите Држави од која било националност, вклучително и сместување во затвори американски државјани и законски жители осудени за насилни злосторства.

Имиграцијата, приоритет на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, е во фокусот на турнејата на Рубио низ Централна Америка, неговото прво патување во странство како министер за надворешни работи.

Досега бил во Панама, Ел Салвадор, Костарика и Гватемала, а според АП треба да замине во Доминиканска Република.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Понуди за отпремнина добиле вработени во четири разузнавачки агенции, покрај ЦИА